Брз пристап:
Оди директно на содржината (Alt 1)Оди директно до секундарната навигација (Alt 3)Оди директно до главната навигација (Alt 2)

адвентскиот календар
23 декември

Претстојат последните божиќни набавки! Божиќните денови ќе ги поминам кај моето „о-пер” семејство. Бидејќи Божиќ се слави во Украина дури подоцна, ќе си одам дома дури по Божиќните празници во Германија. За мене двапати е Божиќ оваа година! Кај моето „о-пер” семејство ќе јадеме раклет – бидејќи така секој сам може да си комбинира што да си стави во чинијата и така може да се задоволат сите вкусови, желби и потреби. Една причина за кавга помалку! Кој сака да јаде месо, може да јаде месо, а кој сака вегетеријански или вегански, може да јаде вегетаријански или вегански. Освен тоа и на наредниот ден од Божиќ можеме да го дојадеме тоа што останало – мислам, токму на Божиќ не смее да се фрла храна. Јас подготвив десерт: кутја. Тоа е слатко јадење од житарки, од пченица, мед, ореви, афион и суво грозје, коешто го има кај мене дома секој Божиќ на 6 јануари. Бидејќи, иако во Германија се чувствувам многу добро, потребна ми е и ја негувам и мојата врска со украинската култура и моето семејство. Затоа Божиќ за мене значи и зближување на луѓето и нивните традиции и поврзување со нешто ново – и прославување на тоа! Исто така, и Каша е прилично возбудена - време е за ветената екстра долга прошетка пред големиот ден... 
 
Имате ли и Вие  некој посебен божиќен или зимски ритуал со Вашите пријателки и пријатели или во Вашето семејство?

Leave a comment on this page (preferably in German) for a chance to win today's surprise package! Additionally, a German Online Individual course will be raffled among all participants. In participating, you accept the Terms and Conditions linked below. Have fun and a lovely Advent season!
КОМЕНТАР Отворете повеќе врати